Советот на општина Струмица на денешната седница го усвои Акциониот план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во општина Струмица. Според градоначалникот Коста Јаневски, овој план содржи краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки кои што ќе го подобрат амбиенталниот воздух, а во план е и донесување на петгодишен план кој ќе понуди и посериозни решенија за проблемот со загадувањето. Тој потенцираше дека според првите сознанија, а добиени врз основа на податоците од двете мерни станици, главната причина за загадувањето на воздухот е употребата на грејните тела во домаќинствата во зимските и месеците кога температурите се пониски.