Потпишан Меморандумот за разбирање и соработка со USAID

Денеска во Скопје е потпишан Меморандумот за разбирање и соработка помеѓу Општина Струмица и USAID. Со тоа Општина Струмица и официјално е селектирана како една од 10 пилот општини во кои ќе се спроведува проектот “Одговорност преку транспаретност”. Целта на овој проект е воведување на модерна софтверска апликација со која на граѓаните ќе им се овозможи електронска комуникација со општинската...

ЈП Комуналец со ново возило за собирање на смет

Денес, Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, му ги предаде клучевите од возилото автосмеќар на Директорот на ЈП Комуналец, Панче Орцев. Возилото Мercedes Benz, со вредност 63.140,00 $ e донирано од Американската амбасада во рамките на Проектот за успешна децентрализација –  Фонд за добро општинско управување. Општина Струмица аплицираше на овој повик од USAID со проект за набавка на автосмеќар...

Одржана тродневна обука за Локалната Лидерска Група од Општина Струмица

Институтот за човекови права Лудвиг Болцман од Виена, базиран на проектот за  намалување на сиромаштијата во Македонија, на ден 10,11 и 12 Ноември 2006 година  одржа тродневна обука за Локалната Лидерска Група (ЛЛГ) од Општина Струмица. На работилницата ЛЛГ беше запознаена со Меѓународната и Национална нормативна рамка за човекови права и истата беше тренирана да им помогне на сиромашните и...

Отворена избложбата на фотографии „Север Југ Исток Запад“

Синоќа, во просторите на Центарот за култура Антон Панов, Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев и претставникот на Британскиот совет, Жарко Конески  ја прогласија за отворена изложбата на фотографии од едукативен карактер “Север Југ Исток Запад – Поглед на 360° на климатските промени”. Оваа изложба е дел од глобалниот караван “Град без јаглерод” кој во изминатите години посети повеќе европски...

Денес во Струмица семинар „Естетика во стоматологијата“

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев го поздрави стоматолошкиот семинар “Естетика во стоматологијата”, кој денес се одржува во Струмица. На семинарот кој е во организација на Стоматолошкиот факултет – Скопје присуствуваат повеќе стоматолози од Струмица.

Искористете ги услугите на сервис центарот за граѓаните

Сервис центарот на граѓаните во VII Урбана заедница, кој Градоначалникот на општина Струмица го отвори кон крајот на минатиот месец, Ви нуди огромен број на административни услуги и тоа барања, уверенија, одобренија, изводи, имотни листови и друг вид на административни услуги за кои што странката немора да потпишува лично. Сервис центарот на граѓаните се наоѓа на ул. “Димитар Влахов” бр37...

Привршува изградбата на спортското игралиште во IV урбана заедница

Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2006 година беше планирана изградба на спортско игралиште во IV Урбана заедница кај поранешниот гарнизон на АРМ. За неколку денови ќе заврши реализацијата на заедничкиот проект на Општина Струмица и IV Урбана заедница, со што оваа урбана заедница ќе располага со современо спортско игралиште. Просторот е уреден со универзален терен за кошарка,...

Службен гласник со листа на информации од јавен карактер

Службениот гласник број 18 ја содржи, Листата на информации од јавен карактер со кои располага Општина Струмица. Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер општините се должни да објават листа на информации од јавен карактер. Листата на информации ќе се ажурира и дополнува најдоцна на секои 3 месеци.

Одбрани идејните решенија за Споменик на Цар Самуил и Споменик на Бранителите од 2001

Комисијата за подигање на спомен обележја при Советот на општина Струмица ги одбра идејните решенија за Споменик на Цар Самуил и Споменик на Бранителите од 2001 година од Струмичкиот регин. За најдобро идејно решение за Споменик на Цар Самуил е избран трудот на Анѓел Коруновски од Велес. Авторот на трудот ќе добие награда во износ од 60.000 денари. Објаснување од...

Покана за отворање на изложбата на фотографии „Север Југ Исток Запад”

Општина Струмица, Британската амбасада и Невладината организација Фронт 21/42, Ве покануваат на свечено отварање на изложбата на фотографии „Север Југ Исток Запад“, Поглед од 360° на климатските промени, што ќе се одржи на 09.11.2006 година (четврток) во 19.00 часот во НУЦК “Антон Панов”.