Службен гласник со листа на информации од јавен карактер

Службениот гласник број 18 ја содржи, Листата на информации од јавен карактер со кои располага Општина Струмица. Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер општините се должни да објават листа на информации од јавен карактер. Листата на информации ќе се ажурира и дополнува најдоцна на секои 3 месеци.

Одбрани идејните решенија за Споменик на Цар Самуил и Споменик на Бранителите од 2001

Комисијата за подигање на спомен обележја при Советот на општина Струмица ги одбра идејните решенија за Споменик на Цар Самуил и Споменик на Бранителите од 2001 година од Струмичкиот регин. За најдобро идејно решение за Споменик на Цар Самуил е избран трудот на Анѓел Коруновски од Велес. Авторот на трудот ќе добие награда во износ од 60.000 денари. Објаснување од...

Покана за отворање на изложбата на фотографии „Север Југ Исток Запад”

Општина Струмица, Британската амбасада и Невладината организација Фронт 21/42, Ве покануваат на свечено отварање на изложбата на фотографии „Север Југ Исток Запад“, Поглед од 360° на климатските промени, што ќе се одржи на 09.11.2006 година (четврток) во 19.00 часот во НУЦК “Антон Панов”.

Повик за вклучување на веб сајт на струмичкото стопанство

Одделението за локален економски развој при Општина Струмица продолжува со реализацијата на проектот Веб сајт на струмичкото стопанство. Во таа насока се  известуваат сите деловни субјекти кои егзистираат на делот на Струмичкиот микро-регион дека можат да се вклучат на овој веб сајт контактирајки со одделението за Локален економски развој на телефон 034/340-224. Официјалниот веб сајт на економските субјекти од овој...

Еднодневна посета на претседателите Црвенковски и Прванов

Претседателот на Р.Македонија, Бранко Црвенковски и Претседателот на Р. Бугарија, Георги Прванов, во еднодневна официјална посета на Струмица.  Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев им посака добредојде и им подари спомен плакета од Општина Струмица, на двајцата претседатели. Во текот на посетата двајцата претседатели положија свежо цвеќе пред споменикот на Поранешниот Македонски Претседател, Борис Трајковски.

Пристигнаа трудови за конкурсот за споменик на Цар Самуил

По објавениот конкурс од Комисијата за подигање на спомен обележја за споменик на Цар Самуил, до комисијата пристигнаа 5 трудови. Комисијата ги отвори трудовите кои се под шифра и во текот на наредната недела ќе одлучи кој идеен проект за избор на спомен обележје ќе биде избран. Комисијата за подигање на спомен одбележја брои 7 члена и е составена од...

Бизнис секторот од Струмичкиот регион одржа бизнис средба

Во организација на Регионалниот центар за локален економски развој на струмичкиот микро-регион, вчера во хотел Сириус се  одржа бизнис средба меѓу претставници од бизнис секторот од Струмичкиот регион и општините Теарце, Јегуновце, Зајас, Осломеј, Варнешница, Драгово и Пласница, со цел нивно вмрежување и размена на искуства  за локален економски развој. Средбата беше  подржана од УНДП, а е во рамките на...

Покана за меѓународниот саем Струмица Експо

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев  и Еуро Бизнис Центар Скопје, Ве покануваат на свеченото отварање на меѓународниот саем за производство, трговија и услуги, Струмица Експо што ќе се одржи во спортската сала Парк, на ден 02.11.2006 година (четврток) во 12.00 часот. Саемот ке биде отворен до 04.11.2006 година (сабота) и  на истиот ќе се претстават повеќе реномирани фирми од...

Покана за свечено отворање на Сервис центар на граѓаните

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Организацијата на жени, Ве покануваат на свечено отварање на Сервис центар на граѓаните што ке се одржи на ден 31.10.2006 година во 12.00 часот во 7-ма Урбана заедница (до Католичката црква). Сервис центарот на граѓаните е проект на Организацијата на жени, финансиски подржан од Општина Струмица во кој граѓаните ке ги добиваат сите...

Зоран Заев гостуваше во емисијата „Отворено со Градоначалникот“

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев синоќа беше гостин во емисијата “Отворено со Градоначалникот”. Во првиот дел Градоначалникот направи ретроспектива на случувањата во изминатиот месец и одговораше на прашања од претставници на невладините организации, а во вториот дел одговараше на прашања од гледачите.