Започна студиската година на земјоделските факултети во Струмица

Денес, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев им посака добредојде на новите студенти, а со свеченото врачување на индексите на 57 студенти од третата генерација, и со потпишување меморандум  за соработка со Општина Струмица, започна новата студиска година на дисперзираните студии на Факултетот  за земјоделски науки и храна при Универзитетот  ,,Свети Кирил и Методи,,  во Струмица. На свеченоста присуствуваа деканот на...

Oтварање на Центарот за одржлив развој „Порта“

Денес,  во просториите на Домот на АРМ,  Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев, ги предаде во употреба новите простори на Центарот за поддршка на НВО – Струмица. Општина Струмица овие простории на Центарот за поддршка на НВО Струмица, ги стави на  располагање во период од пет години без надокнада, се со цел подобрување и подигнување на значењето на НВО секторот...

 Триесет палми го красат Булеварот Маршал Титo

Паралелно со привршувањето на активностите за уредување на Булеварот Маршал Тито со тротоари, жардинерии и фонтани, од оваа недела на булеварот се посадени 30 палми кои и даваат посебен медитерански лик на Струмица. Завршувањето на активностите за уредување на Булеварот Маршал Тито ќе се означи со пуштање во функција на две модерни фонтани со водоскок по должината на булеварот.

Потпишан договорот за проектот Тренинг центар за високообразовни кадри

Вчера во просториите на Европската агенција за реконструкција Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев го потпиша договорот за проектот Тренинг центар за високообразовни кадри кој е финансиран од Фондовите на ЕУ за прекугранична соработка меѓу Р. Македонија и Р. Грција. Проектот е со вкупен буџет од 140.000 евра од кои 117.000 евра се донација од ЕУ. Средствата ќе се користат...

Градоначалникот Заев на Првата европска конференција за ЕУ фондови

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев вчера учествуваше на Првата европска конференција за ЕУ фондови, организирана од Капитал Медиа Груп, поддржана од Мисијата на Европската унија во Македонија.  Европската конференција “Можности и перспективи” ја отвори Амбасадорот на ЕУ во Македонија Н.Е. Ерван Фуере. Градоначалникот Заев зборуваше во Панел 2 од конференцијата,  на тема Очекувањата и потребите на потенцијалните корисници на...

Меѓународен ден за слободен пристап до информации

На денешен ден пред пет години претставници на невладините организации од целиот свет, лобисти и бранители на идејата за слобода во информирањето формираа Мрежа на бранители на слободата во информирањето, која  на својот прв состанок го прогласи 28 септември за меѓународен ден за слободен пристап до информации. Оваа година и Општина Струмица се вклучи во одбележувањето на меѓународниот ден преку...

Започна кампања за запознавање на заедницата со раното откривање на ракот на дојка

Започна кампања за запознавање на заедницата со раното откривање на ракот на дојка. Во рамките на реализацијата на макропроектот Организирање на Дијагностички центар за рано детектирање на болести на дојка во ЈЗУ Општа Болница Струмица, вчера во Домот на АРМ, свечено беше објавено отпочнувањето на кампањата за „Запознавање на заедницата со раното откривање на ракот на дојка“. Настанот беше организиран под покровителство...

Одбележан 11-ти Септември – Денот на ослободувањето на Струмицa

Денес, во склоп на одбележувањето на 63 годишнината од ослободувањето на Струмица, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Претседателот на Советот на Општина Струмица, Зоран Ристов положија свежо цвеќе пред Споменикот на Револуцијата во Градскиот парк.

Денови на Италијанската култура во Струмица

Во рамките на одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември и Денот на ослободувањето на градот – 11 Септември, вчера во Струмица  се одржи манифестацијата „Денови на италијанската култура“, што го организираше Италијанскиот културен центар „Џакомо Леопарди“. Манифестацијата ја отворија Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев и Вицеамбасадорот на Република Италија во Македонија Н.Е. Роберто Рицо...

Одбележан 8 ми Септември – Денот на независноста на Р. Македонија

Денес, во склоп на одбележувањето на независноста на Р. Македонија Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Претседателот на Советот на Општина Струмица, Зоран Ристов положија свежо цвеќе пред Споменикот на Гоце Делчев За историографијата на празникот зборуваше Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов кој истакна: “Верификацијата на сремежот за осамостојување, Македонскиот народ направи токму на денешен ден во...