Поставена новата фонтана меѓу булеварите „Маршал Тито“, „Гоце Делчев“ и улица „Балканска“

Вчера е поставена новата фонтаната на кружниот тек помеѓу булеварите “Маршал Тито”, “Гоце Делчев” и улица “Балканска”. Изведувач на работите беше компанијата Дооел “Гросс Маркет” која беше избрана на јавниот конкурс објавен за овој проект. Фонтаната е во 5 менливи облици кои се менуваат на неколку секунди, а повеќето светлечки ефекти и даваат посебен сјај на фонтаната. Просторот околу фонтаната...

Затворен првиот регионален саем на невладини организации

Затворен првиот регионален саем на невладини организации во Струмица. Регионалниот НВО Саем кој се одржа во деновите петок и сабота беше дел од проектот „Поддршка на национален форум / платформа на граѓанското општество“, поддржан од Европската агенција за реконструкција. Оваа дводневна манифестација беше добра можност јавноста да се запознае со активностите на над 50 здруженија на граѓани од повеќе градови...

И годинава новогодишно-божиќен турнир во мал фудбал

Денес во просториите на Општина Струмица, Организациониот одбор при Новогодишно – Божиќниот турнир оддржа прес конференција за локалните медиуми.  Новогодишно-Божиќен турнир во мал фудбал СТРУМИЦА 2006/07“, ќе се одржи во периодот од 13 Декември 2006 до 07 Јануари 2007 година, во спортската сала „ПАРК“. Наградниот фонд за турнирот  изнесува 220.000 денари Со тоа што наградата за: I – место изнесува – 120...

Регионален НВО саем во Струмица со 32 организации

Триесет и две невладини организации од Струмица, Штип, Велес, Прилеп, Радовиш, Виница, Неготино, Гевгелија, Валандово и Скопје   ќе учествуваат на Регионалниот НВО саем во Струмица, кој утре во 10 часот ќе биде отворен. Саемот ќе се одржи во Домот на АРМ и ќе биде отворен до сабота до 18 часот. На отварањето ќе присуствуваат  г-дин Ерван Фуере, Амбасадор на ЕУ...

Распишан јавен оглас за годишна награда на Општина Струмица

Комисијата за општествени дејности при Советот на општина Струмица го распиша јавниот оглас за доделување на највисокото општинско признание – годишна награда за 2006 година. Наградата се доделува по повод 11 Декември – Денот на заштитниците на Струмица – Светите 15 Тивериополски маченици. По истиот повод Комисијата за општествени дејности при советот на општина Струмица распиша и награден конкурс за...

Дефинирана Стратегијата за Социоекономски развој на Општина Струмица

На 18 и 19 ноември 2006 год во Хотел „Тивериопол“ – Струмица, Локалната лидерска група од Општина Струмица на дводневната работилница го дефинираа дефинитивниот облик на Стратегијата за Социоекономски развој на Општина Струмица до 2015 година. Во Стратешкиот документ во кој се утврди визијата и мисијата за развој на општината,  се инкорпорираа повеќе развојни програми по повеќе области:Економија, Образование, Здравство,...

Работилница „Како до лојални купувачи“

Општина Струмица, Triple S Learning центарот и SWOT Mistery Shooping, организираат работилница на тема „Како до лојални купувачи“. Овој настан се организира по повод месец Ноември – месецот на потрошувачите. Работилницата Услуга кон купувачите е водич за градење на долгорочни релации и ЛОЈАЛНОСТ на купувачите кон Вашата компанија преку супериорна услуга. Учесниците ќе ги стекнат вештините и техниките за постапување во секоја...

Работна средба со претставници на Општина Кавадарци

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев заедно со своите соработници, Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов и директорот на ЈП Комуналец, Панче Орцев  остварија работна средба со истите претставници на Општина Кавадарци предводени од Градоначалникот Панчо Минов. На средбата се разговараше за проблемите со кои се соочуваат општините во процесот на децентрализација, размена на искуства и нивно имплементирање...

Потпишан Меморандумот за разбирање и соработка со USAID

Денеска во Скопје е потпишан Меморандумот за разбирање и соработка помеѓу Општина Струмица и USAID. Со тоа Општина Струмица и официјално е селектирана како една од 10 пилот општини во кои ќе се спроведува проектот “Одговорност преку транспаретност”. Целта на овој проект е воведување на модерна софтверска апликација со која на граѓаните ќе им се овозможи електронска комуникација со општинската...

ЈП Комуналец со ново возило за собирање на смет

Денес, Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, му ги предаде клучевите од возилото автосмеќар на Директорот на ЈП Комуналец, Панче Орцев. Возилото Мercedes Benz, со вредност 63.140,00 $ e донирано од Американската амбасада во рамките на Проектот за успешна децентрализација –  Фонд за добро општинско управување. Општина Струмица аплицираше на овој повик од USAID со проект за набавка на автосмеќар...