Кошаркарите и раководството на КК Струмица на прием кај Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев

Успешните спортисти заслужуваат континуирана поддршка бидејки тие се најдобрите репрезенти на нашиот град, рече Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, честитајки ја првата шампионска титула на КК Струмица. Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев им додели пригодни подароци на македонските шампиони во кошарка  Богоев, Цветков, Софадитис, Флуелен, Караманолев, Грнчаров, Крстевски, Гоцевски, Хаџивасилев, Соколов, Кицулис, Николов, тренерите Влаикидис и Јанков, како...

Соопштение до јавноста

Денес, на покана на Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев  во работна посета на Струмица престојуваше г-динот Мајкл Лејтам, советник за економски прашања во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија. Градоначалникот на општина Струмица го запозна гостинот со активностите на Општина Струмица, со карактеристиките и потенцијалите на струмичкото стопанство како и со активностите кои ги превзема општината за...

Струмица шампион на Македонија во кошарка

Градоначалникот на општина Струмица и потпретседател на КК Струмица 2005, Зоран Заев им ја честиташе првата шампионска титула на кошаркарите на Струмица 2005 кои во финалната серија го совладаа Работнички Фершпед со 4:1. Екипата на Струмица 2005 е кошаркарскиот шампион во 15. национално првенство на Македонија. КК Струмица за првпат во својата клупска историја станаа шампиони, откако во петтиот финален...

Средба со Министерост за локална самоуправа Зоран Коњановски

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов остварија средба со Министерот за локална самоуправа Зоран Коњановски. На средбата се разговараше за децентрализацијата, тековните состојби во Општина Струмица и законот за регионален рамномерен развој. Градоначалникот Заев го запозна Министерот со актуелните состојби во Општина Струмица и со плановите за привлекување на инвестиции и...

Започна реализацијата на проектот „Надминување на архитектонските бариери во Општина Струмица”

Започна реализацијата на проектот “Надминување на архитектонските бариери во Општина Струмица” со кој ќе се овозможи  слободен и олеснет пристап на телесно инвалидизираните лица до објектите и институциите во Струмица. Проектот предвидува решавање на веќе идентификуваните критични точки каде ќе биде изведена единечна рампа тип 1Л=3, според официјалните стандарди и преадаптација на сите тротоари во близина на јавните институци. Реализацијата...

Закажани 49 и 50 седница на Советот на општина Струмица

Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ги закажа  49 и 50 седница на Советот на општина Струмица, и тоа: 49 седница за  18.05.2007 година (петок) во 10 часот и 50 седница за 22.05.2007 (вторник) во 11 часот.  

Подигнати 30 знамиња во чест на Денот на Европската унија

“Струмица нека биде предвесник на нашата блиска Европска иднина. Во тоа име подигнуваме 30 знамиња, од кои 27 на сите земји членки на Унијата а останатите три: на Европската Унија, Македонија и на Струмица.” рече Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев обраќајки се по повод одбележувањето на 9 ти Мај – Денот на ЕУ. Со подигање на 30 знамиња, Општина...

Одбележан 9 ти Мај – Меѓународниот ден на победата над фашизмот

Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов положи цвеќе пред споменикот на паднатите борци на НОАВМ во малиот градски парк и одржа реч за значењето на празникот. “Овој исклучителен и голем настан и ден за целиот свет и за целото човештво, со должно внимание го одбележуваме и ние, затоа што и нашава држава и македонскиот народ зеде активно учество...

Покана за Денот на Европската унија и Меѓународниот ден на победата над фашизмот

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев Ве поканува да присуствувате на свеченостите организирани по повод 9 ти Мај, Денот на Европската унија и Меѓународниот ден на победата над фашизмот. Со особена почит Ве поканувам да  присуствувате на свеченостите организирани по повод одбележувањето  на МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ И ДЕНОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА што ќе се реализираат на ден  09.05.2007 година  (среда) во Струмица: – во 10,00 часот пред...

Општина Струмица ја одбележа 104–годишнината од смртта на Гоце Делчев

Денес, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев положи свежо цвеќе пред споменикот на великанот на македонското револуционерно движење за ослободување од турското ропство Гоце Делчев, и одржа реч за животот и делото на револуционерот. На одбележувањето на 104 годишнината од смртта на Гоце Делчев, пред споменикот на истоимениот плоштад Градоначалникот Заев рече: “Ние можеме пред овој споменик да читаме реферати...