Закажани три седници на Советот на општина Струмица

Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов, закажа три седници на Советот на општина Струмица и тоа: 44 седница за 05.04.2007 година, 45 седница за 10.04.2007 година и 46 седница за 12.04.2007 година во 11.00 часот.

Струмица најдобра општина во екологијата

На првиот ден на пролетта, во хотелот Александар Палас во Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање ги додели традиционалните награди и признанија за достигнувања во заштитата и унапредувањето на животната средина за 2006 година. Општина Струмица ја доби втората награда во категоријата Управување со отпад,  за реализација на повеќе проекти спроведени во соработка со НВО Планетум. Наградата од...

Во името на вистината: Кој ја лаже македонската јавност за изградбата на пазариштето во Струмица?

ВО ИМЕТО НА ВИСТИНАТА (Или : КОЈ ЈА ЛАЖЕ МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ ЗА ИЗГРАДБАТА НА ПАЗАРИШТЕТО ВО СТРУМИЦА). ВМРО ДПМНЕ вели: ,,Очигледно е дека менувањето на Деталниот урбанистички план по желба на Заев, за него не претставува во најмала рака криминален чин…,, (прес-конференција на ВМРО ДПМНЕ од 16.03.2007 г.) ВИСТИНАТА вели: ,,Проектот е во согласност со Деталниот урбанистички план, кој не е...

Општина Струмица, Босилово, Василево и Ново Село потпишаа меморандум

Претседателите на политичките партии партиципиенти во Советите на Општините Струмица, Босилово, Василево, и Ново Село денес го потпишаа меморандумот за поддршка на нацрт планот за формирање на Центар за собирање и рециклирање на отпад. Со изразениот политички консензус од страна на политичките партии е направен првиот чекор за влез на реномираната австриска компанија Saubermarher во индустријата на отпад во Струмичкиот...

Потпишан договор за соработка со МЖСП

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Директорот на ЈП Комуналец, Панче Орцев на 09.03.2007 година потпишаа договор со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, кој вклучува соработка во процесот на изработка на студии за исплатливост и проектни плански документации за потенцијални проекти на територијата на Општина Струмица. Согласно договорот Министерството за животна средина и просторно...

Обраќање по повод двегодишнината од мандатот на Зоран Заев

Обраќање на Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев по повод двегодишнината од мандатот. Почитувани сограѓани ! На денешен ден пред две години, на локалните избори 2005 година, ја добив Вашата драгоцена доверба да ја водам Општина Струмица прифаќајки го предизвикот и обврската, да дадам свој максимален придонес во развојот на нашата заедничка општина и квалитетот на живеење на сите нејзини...

Јавен оглас за 30 невработени лица

 Општина Струмица објавува ЈАВЕН ОГЛАС, За ангажирање на  30 невработени лица за извршување на јавни работи, односно за вршење на работи од јавен интерес на Општина Струмица. Јавните работи се организираат врз основа на проектот „Отстранување и санирање на диви депонии“ на Општина Струмица , а во рамките на „Оперативниот план за активни политики за вработување за 2007 година“. Врз основа на член 83, 84...

Јавен оглас за 8 невработени лица

Општина Струмица објавува ЈАВЕН ОГЛАС, За ангажирање на 8 невработени лица за извршување на јавни работи, односно за вршење на работи од јавен интерес на Општина Струмица. Јавните работи се организираат врз основа на проектот „Уредување на Габровски водопад“ на Општина Струмица, а во рамките на „Оперативниот план за активни политики за вработување за 2007 година. Врз основа на член 83, 84 и 85 од...

Општина Струмица со веб-портал ќе привлекува инвеститори

Вчера, Веб порталот Тотал објави информации за активностите на Општина Струмица. Интегрално ги објавуваме вестите “Грчки Stafilco Textile со 12 милиони евра сака да изгради четири фабрики во Струмичко” и “Општина Струмица со веб-портал ќе привлекува инвеститори”. Грчки Stafilco Textile со 12 милиони евра сака да изгради четири фабрики во Струмичко Грчката компанија Stafilco Textile планира да инвестира 12 милиони евра во изградба...