Радмила Шеќеринска во посета на Општина Струмица

Денес во посета на Општина Струмица престојуваше Претседателот на СДСМ г-ѓа Радмила Шеќеринска која посети дел од инфраструктурните проекти кои ги реализира Општина Струмица. Градоначалникот Зоран Заев ја информираше за интензитетот со кој ќе се завршуваат започнатите инфраструктурни проекти. Градоначалникот Заев и Пратеникот во Собранието на РМ и Претседателот на СДСМ г-ѓа Шекеринска ги посетија: Реконструкцијата на Градскиот пазар, Катната...

Струмица е првата македонска општина со стандард за квалитет ISO 9001:2000

Денес Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев го доби меѓународниот сертификатот за квалитет ISO 9001 : 2000 со што Општина Струмица стана првата македонска општина и четврта на Балканот која поседува унифицирани правила за работење. Општина Струмица во изминатите 7 месеци го усогласи работењето согласно правилата пропишани по ISO 9001 : 2000 при што Комисијата за сертифицирање на системи за управување...

Листа на отпочнати и реализирани инфраструктурни проекти во Струмица и населените места

Општина Струмица успешно го реализира вториот дел од  Програмата за уредувањето на градежното земјиште за 2007 година. Во прилог е листата на отпочнати и реализирани инфраструктурни проекти во Струмица и населените места. 1. Реконструкција и реставрација на Цареви кули 2. Рампи за лица со посебни потреби (по тротоарите низ градот) 3. Канделабри и чешма во село Вељуса 4. Улица во с. Вељуса (кај црква) 5. Улица во с....

Општина Струмица го претстави стопанството во Солун

Општина Струмица го претстави стопанството во Солун, Грција. Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион во Хотелот Capsis во Солун одржа македонско – грчки бизнис форум на кој беа презентирани инвестиционите поволности за вложување во Македонија и Струмичкиот регион и првиот македонски веб портал на стопански субјекти. Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев ги поздрави присутните стопанственици од...

Отворена фотоизложбата Струмица и Петрич – Минато, Сегашност и Иднина

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Градоначалникот на Општина Петрич, Вељо Илиев (Р. Бугарија) ја отворија фотоизложбата Струмица и Петрич – Минато, Сегашност и Иднина. Изложбата е во рамките на проектот за воспоставување на долготрајна погранична соработка и размена на културно-историско наследство, финансиран од ЕУ и раководен од Европската Агенција за реконструкција, а имплементиран од Општина Струмица и Општина...

40 струмички стопанственици ќе учествуваат на бизнис форум во Грција

40 струмички стопанственици ќе учествуваат на бизнис форум во Грција, преку кампањата Струмица отворена за бизнис. Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион (Општина Струмица, Ново село, Босилово, и Василево) на 29 Јуни во Хотелот Capsis во Солун ќе одржи македонско – грчки бизнис форум на кој ќе присуствуваат 40 стопанственици од Струмица и грчки бизнисмени од Префектура Солун....

Покана за презентација на кредитните линии на ЕБРД

Почитувани стопанственици, Ве покануваме да присуствувате на презентацијата на кредитните линии на EBRD – Европска банка за обнова и развој која на 22 Јуни (петок) во 12 часот ќе се одржи во Домот на АРМ. “ЕBOR-Италија Програмата за локални претпријатија од Западен Балкан” е програма за инвестиции основана од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБOR), со финансиски придонес...

Заврши меѓународниот турнир во тенис за ветерани „Струмица Опен 2007“

Под покровителство на Градоначалникот на Општина Струмица, а по иницијатива на рекреативците – членови на Тенискиот Клуб „Теком“ од 09.06 – 11.06 2007 година се одржа петтиот меѓународен тениски турнир „СТРУМИЦА ОПЕН 2007“. Натпреварите се одиграа на 5-те тениски терени на Тенискиот комплекс „ТЕКОМ“ во Струмица. На турнирот учествуваа 24 тенисери од Струмица, Скопје, Кочани, Штип и Ниш (Република Србија)....

Заврши третиот меѓународен филмски фестивал Астерфест

Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ги додели наградите на овогодинешните лауерати на III Mеѓународен филмски фестивал Астер фест. Филмови со уметнички предзнак, дела на автори од 28 земји, под мотото „Откривање нови кинематички простори“, беа прикажани на третиот Меѓународен фестивал на авторите од Југоисточна Европа „Астер фест“. Фестивалот на независен филм и видео траеше 4 дена и ...