Вчера е поставена новата фонтаната на кружниот тек помеѓу булеварите “Маршал Тито”, “Гоце Делчев” и улица “Балканска”. Изведувач на работите беше компанијата Дооел “Гросс Маркет” која беше избрана на јавниот конкурс објавен за овој проект. Фонтаната е во 5 менливи облици кои се менуваат на неколку секунди, а повеќето светлечки ефекти и даваат посебен сјај на фонтаната. Просторот околу фонтаната ќе биде хортикултурно уреден.