Промотивни денови на Брегалничко-струмичкиот регион

Промотивни денови на Брегалничко – Струмичкиот регион во Скопје. Осум компании од Струмичкиот регион ќе учествуваат на саемот “Сонцето изгрева од исток и ја грее цела Македонија” кој во деновите петок и сабота (1 и 2 декември) ќе се одржи во Мала Станица – Скопје. Целта на саемот кој е во организација на ГТЗ РЕДЕМ е промоција на производите, услугите и туристичката понуда на овој регион.