Решение за свикување на деветтата седница на Советот на Општина Струмица

Совет на општина Струмица
Бр.08- 2736 /1, 05.04.2018 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување на деветтата седница на Советот на Општина Струмица

Ја свикувам деветата седница на Советот на општина Струмица за ден 12.04.2018 година (четврток).
Деветтата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11 ,00 часот.

За работа на седницата предлагам:

I
Усвојување на записникот од осмата седница на Советот на општина Струмица

 

II
Дневен ред

1. Предлог – Буџетски календар за подготовка и донесување на Буџетот на општина Струмица за 2019 година;
2. Предлог – Одлука за давање на согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Југоисточен плански регион;
3. Предлог – Одлука за давање согласност за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Општина Струмица за дооформување на градежна парцела;
4. Предлог – Одлука за отуѓување на патничко моторно возило;
5. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за определување проценувачи на пазарната вредност на недвижниот имот како даночна основа при утврдувањето на даноците на имот на подрачјето на општина Струмица;
6. Годишна сметка со финансов извештај на СОУ „Јане Сандански“ Струмица за 2017 година;
7. Годишна сметка со финансов извештај на СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица за 2017 година;
8. Годишна сметка со финансов извештај на СОУ „Никола Карев“ Струмица за 2017 година;
9. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Гоце Делчев“ Вељуса за 2017 година;
10. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Кирил и Методиј“ Дабиле за 2017 година;
11. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица за 2017 година;
12. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Видое Подгорец“ Струмица за 2017 година;
13. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Сандо Масев“ Струмица за 2017 година;
14. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Маршал Тито“ Струмица за 2017 година;
15. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Маршал Тито” Муртино за 2017 година;
16. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Даме Груев” Куклиш за 2017 година;
17. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Герас Цунев” Просениково за 2017 година;
18. Годишна сметка со финансов извештај на ООМУ „Боро Џони” Струмица за 2017 година;
19. Годишна сметка со финансов извештај на ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица за 2017 година;
20. Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2017 година;
21. Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2015-2019 за 2017 година;
22. Годишен план за вработување во Дом за деца и млади „Благој Мучето“ за 2018 година;
23. Годишен план за вработување во Дом за деца и млади „Благој Мучето“ за 2019 година;
24. Годишен план за вработување на ЈПЕД „Струмица-гас“ за 2019 година;
25. Годишен план за вработување на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ за 2019 година;
26. Барање согласност за обезбедени финасиски средства за пополнување на работни места согласно Годишниот план за вработување на ЈП “Паркиралишта“ за 2019 година;
27. Извештај за работа на ЈПКД “Комуналец” Струмица за периодот 1-12 месец 2017 година;
28. Годишна сметка со финансов извештај на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2017 година;
29. Одлука за утврдувањре на висината на бодот за исплата на плата на вработените во ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
30. Ценовник за вршење работи на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
31. Годишниот план за вработување на ЈПКД „Комуналец“ за 2019 година;
32. Одлука за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за регулиран период 2018-2020 година;
33. Одлука за утврдување на тарифа за прочистување на отпадни води на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за регулиран период 2018-2020 година;
34. Одлука за висината на цена на приклучок за одведување на отпадни води во населено место Добрејци;
35. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 163 КО Раборци;
36. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 2774/1 КО Банско;
37. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7671 КО Струмица;
38. Предлог – Одлука за утврдување неисполнети услови за донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7697 КО Струмица; и
39. Предлог-Одлука за отстапување на трајно користење на Прочистителната станица во Струмица, на ЈПКД „Комуналец“ Струмица.

Напомена: Точка 39 од дневниот ред ќе биде предмет на расправа и одлучување доколку Владата на РМ во меѓувреме донесе Одлука за отстапување на Прочистителната станица на Општина Струмица.

Совет на општина Струмица
Претседател,
Maрјан Даскаловски