СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА
Бр. 08 – 6625 /1, 26.10.2017 год. , С т р у м и ц а
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување на втората седница на Советот на општина Струмица
Ја свикувам втората седница на Советот на општина Струмица за ден 02.11.2017 год. (четврток).
Втората седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
I
Усвојување на записникот од првата (конститутивна) седница на Советот на општина Струмица
II
Дневен ред
- Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за изработка на Програма за работа на Советот на општина Струмица;
- Предлог- Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за статут и прописи;
- Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за општествени дејности;
- Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за јавна безбедност, безбедност на сообраќајот и противпожарна заштита;
- Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за здравствена заштита, социјална заштита и заштита на децата;
- Предлог- Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за култура, образование и спорт;
- Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и природа;
- Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за финансии, буџет и локален развој;
- Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите;
- Предлог – Решение за разрешување и избор на претседател и членови на Партиципативно тело од областа на урбанизмот;
- Предлог- Решение за разрешување и именување претседател и членови на Одборот за подигање на спомен-обележја;
- Предлог –Решение за разрешување и избор на претседател и членови на Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи;
- Предлог – Решение за разрешување и именување претставници на Општина Струмица, во Управниот одбор во Отворениот граѓански унивезитет за доживотно учење “Јоска Свештарот”- Струмица;
- Предлог – Решение за предлагање на член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Струмица,
- Предлог – Решение за разрешување и именување претставник на Општина Струмица во Училишниот одбор на ОУ “Никола Вапцаров” Струмица; и
- Предлог – Решение за именување претставник од Министерството за труд и социјална политика за член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица.
Напомена:
Политичките партии да достават предлози по точките од бр. 1 до бр. 15 од дневниот ред до Комисијата за мандатни прашања, избори и именување најдоцна до 01.11.2017 година (среда) до 12 ,оо часот.
Совет на општина Струмица
Претседател, Марјан Даскаловски