Градоначалникот Петар Јанков денеска им го честиташе патрониот празник на учениците и вработените во ООУ „Сандо Масев“ и положи свежо цвеќе пред бистата на народниот херој Сандо Масев.
По повод патрониот празник беше одржана и пригодна програма, на која присуствуваа претставници на Советот на Општина Струмица и на Општина Струмица.

