Кирил Парталов назначен за државен секретар во министерството за локална самоуправа

Кирил Парталов не е веќе секретар на општина Струмица. Со решение од министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу од 31.07.2017 година, Парталов е назначен за државен секретар во министерството за локална самоуправа. Кирил Парталов беше секретар на општина Струмица во сите три последователни градоначалнички мандати на премиерот Зоран Заев, односно од 2005 до 31 јули 2017 година, а од 2000 до 2005 година беше секретар на Советот на општина Струмица.

kiril partalov sekreatar