Потпишан Меморандум за соработка со Правната клиника на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип

Потпишан Меморандум за соработка со Правната клиника на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип

Градоначалникот Костадин Костадинов, денеска, во името на општина Струмица потпиша Меморандум за соработка со Правната клиника на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Соработката е во насока на унапредување на правото на пристап до правдата и правичната судска заштита преку размена на знаења, искуства и најдобри практики. Градоначалникот Костадинов потенцираше дека соработката со младите луѓе посебно му значи и секогаш ќе ги поддржува нивните предлози и проекти.