Свечена академија по повод Денот на словенските просветители – Св. Кирил и Методиј

Свечена академија по повод Денот на словенските просветители – Св. Кирил и Методиј

По повод Денот на словенските просветители, браќата Св. Кирил и Методиј, Општина Струмица организира Свечена академија на која ќе бидат доделени признанија на просветни работници за постигнување исклучителни резултати во воспитно-образовната работа, како и за нивниот значаен придонес во афирмацијата на образованието и наставничката професија.

Свеченоста ќе започне во 18:00 часот, кога заедно ќе им оддадеме почит на основоположниците на словенската писменост и ќе ја прославиме посветеноста, трудот и успехот на просветните работници.

Ве покануваме да бидете дел од оваа свеченост и заедно достоинствено да го одбележиме празникот посветен на Св. Кирил и Методиј.