Денеска на градскиот плоштад се јадеше бел посен грав

Денеска на градскиот плоштад се јадеше бел посен грав

Денеска на чист понеделник во голем казан се вареше и јадеше бел посен грав на градскиот плоштад, а во рамките на овогодишните карневалски празнувања во нашиот град.

Меѓу почитувачите на оваа традиција беа градоначалникот Костадин Костадинов, секретарот Александар Оџаков, претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски и членови на истиот. И покрај дождливото време на плоштадот дојдоа и поголем број граѓани за да вкусат од белиот грав.