Во Просениково се одржа Јавна презентација за изработка на Урбанистички план

Во Просениково се одржа Јавна презентација за изработка на Урбанистички план

Во Домот на културата во Просениково, денеска, се одржа Јавна презентација за изработка на Урбанистички план за ова населено место. Површината на планскиот опфат изнесува 50.1075 ха.

Јавната анкета ќе трае до 10.12.2021 година и во овој период сите заинтересирани правни и физички лица своите забелешки и предлози можат да ги достават во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма во Секторот за урбанизам и комунални работи во општина Струмица.