Во Струмица е отворена Европска куќа

Во Струмица е отворена Европска куќа

Струмица доби Европска куќа, во зградата спроти малиот градски парк. На денешното отворање, на коешто присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, градоначалникот Коста Јаневски им го предаде клучот од Европската куќа на младите луѓе од Струмица.

Европска куќа ќе биде исклучително „жив“ простор во кој младите од општина Струмица, па и пошироко,  ќе ги чуваат и негуваат европските вредности, преку разни форми на дружење, инфо-услуги,  ЕУ-дискусии, реализација на проекти, промоции на ЕУ-настани, изложби, филмски, музички и мултимедијални настани, работилници и слично. Убеден сум дека оваа куќа ќе биде омилена дестинација за младите и дека сите настани кои ќе бидат реализирани ќе ги дадат посакуваните резултати, рече во своето обраќање, градоначалникот Јаневски.