Градоначалникот Костадинов на одбележувањето на Денот на пожарникарството

Градоначалникот Костадинов на одбележувањето на Денот на пожарникарството

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска на струмичките пожарникари лично им го честиташе 20. Мај – Денот на пожарникарството во Република Северна Македонија и присуствуваше на вежбата во кругот на ТППЕ Струмица. Од негово лично име и од името на општина Струмица им се заблагодари нивната професионалност, храброст и пожртвуваност во извршувањето на работните задачи.

Јас како градоначалник и општина Струмица на Вашата пожртвуваност ќе ви возвраќаме со максимална поддршка во зголемувањето на капацитетот на Територијалната професионална противпожарна единица за да може навремено и ефикасно да одговори на сите предизвици иако посакувам да ги има што помалку. Токму денеска на Денот на пожарникарите, сведоци сме на зголемување на капацитетот на Единицата со опрема за лична заштита и заштитна облека на пожарникарите и друга противпожарна опрема преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а во рамките на прекуграничната соработка со Република Бугарија во справувањето со шумски пожари, рече градоначалникот Костадинов.