Решение за свикување на десеттата седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на десеттата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица, бр.08 – 3784/1, 19.05.2022 год.

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Решение за свикување на десеттата седница на Советот на општина Струмица

Ја свикувам  десетата  седница на Советот на општина Струмица за ден 26.05.2022 година (четврток).

Десетата   седница  на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работа на седницата го предлагам следниот:

Д н е в е н   р е д  

  1. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за првиот квартал од  2022 година;
  2. Предлог – Буџетски календар за подготовка и донесување на Буџетот на општина Струмица за 2023 година;
  3. Предлог – Измена и дополнување  на  Годишниот план за вработување во општинската администрација  на  Општина  Струмица за 2022 година;
  4. Предлог-Одлука за давање согласност за обезбедени финасиски средства за пополнување на работни места согласно Измената и дополнувањето на Годишниот план за вработување за 2022 година на Општина Струмица;
  5. Предлог –        Одлука за утврдување на висината на месечниот надоместок на претседателот и членовите на органите на ЈПЗБК „СТАЦИОНАР- ЛАНА“ Струмица, именувани од Советот на општина Струмица;
  6. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање надомест за утврдување на правен статус на бесправни верски објекти – џамија и минаре во Струмица;
  7. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од Блок 12, УЕ 2, во Струмица (Општина Струмица – Плански период 2019-2024 година);
  8. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од Урбан Блок 12, УЕ 2, во Струмица (Општина Струмица – Плански  период 2021-2026 година);
  1. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП1.3-2, ГП1.3-3 и ГП1.3-4, од УПВНМ повеќенаменска индустриска зона КО Градско Балдовци и КО Сачево, Општина Струмица;
  2. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 207, ГП 176, ГП 181 и ГП 186 од ДУП блок 14, КО Струмица, Општина Струмица;
  3. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација ГП 14-58; ГП 14-59; ГП 14-60; ГП 14-61; ГП 14-62 и ГП 14-109 од ДУП на град Струмица за дел од урбан блок број 14 Општина Струмица;
  4. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр.3701, КО Куклиш-вон г.р.;
  5. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр.3561/1 и КП бр.2573, КО Банско;
  6. Извештај за работењето на ЈПЕД „Струмица-гас“ Струмица за периодот од 01.01. до 31.03.2022 година;
  7. Извештај за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за период 1 месец- 03 месец 2022 година, со квартален финасиски извештај;
  8. Ценовник за вршење работи на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2022 година;
  9. Оддлука на УО на ЈПКД „Комуналец“, за прекинување на членството во Здружението на сопственици на дуќани и деловни простори во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица;
  10. Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ „Видое Подгорец“ Струмица;
  11. Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица;
  12. Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ „Маршал Тито“ Струмица;
  13. Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ „Сандо Масев“ Струмица;
  14. Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ „Даме Груев“ Куклиш;
  15. Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ „Маршал Тито“ Муртино;
  16. Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Дабиле;
  17. Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ „Герас Цунев“ Просениково;
  18. Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса; и
  19. Годишен план за вработување за 2023 година на ООМУ „Боро Џони“ Струмица. 

 

Совет на општина Струмица

Претседател,

Марјан Даскаловски