Градоначалникот Јаневски го назначи Александар Милушев за службеник за млади на општина Струмица

Градоначалникот Јаневски го назначи Александар Милушев за службеник за млади на општина Струмица

Во интерес на зајакнување на соработката со младите луѓе и заедничко решавање на проблемите и учество во развојот на нашата Општина, а согласно член 23 од Законот за младинско учество и младински политики, градоначалникот Коста Јаневски за Службеник за млади го назначи Александар Милушев, вработен во неговиот кабинет. Службеникот за млади ќе биде одговорен за развивање, планирање и следење на активностите поврзани со младите и младинските политики, поддршка на работата на локалната самоуправа, локалниот младински совет, неговите членови, спроведувањето на неговата програма, известување и транспарентност и одржување на комуникација и редовна соработка со младинските форми на здружување и младите.