Новогодишни пакетчиња за децата со индивидуални образовни потреби

Новогодишни пакетчиња за децата со индивидуални образовни потреби

Градоначалникот Костадин Костадинов со претставници на меѓународната хуманитарна организација АДРА  Македонија, денеска, им поделија новогодишни пакетчиња на учениците со индивидуални образовни потреби во основните општински училишта

„Сандо Масев“ и „Видое Подгорец“ и на децата во Шелтер центарот за жртви на семејно насилство. Со овој хуман гест придонесоа за радост и среќа кај дечињата пред Новогодишните празници.