Општинската организација на Црвен крст Струмица организираше трибина во просториите на Младински центар

Општинската организација на Црвен крст Струмица организираше трибина во просториите на Младински центар
Месец ноември согласно каледарот на традиционални активности на Црвен крст на Република Северна Македонија е посветен на борба против болести на зависности (дрога, алкохол и цигари). Оваа година месецот на
борба против зависности се одбележи под мотото „Информирај се и донеси одлука!”🚭🥃
📌За таа цел на ден 23.11.2023 година Општинската организација на Црвен крст Струмица организира трибина со врсничкиот едукатор и волонтер Слободанка Чолакова, претставници од СВР – Струмица и претставник од здружението Избор, кои дадоа свој придонес во превенцијата од штетните последици од зависностите како и подигање на свеста кај младата популација во борбата против болестите на зависности. Трибината се оддржа во просториите на младинскиот центар во Општина Струмица.