Јавен повик за избор на членови на Надзорен одбор на Jавното сообраќајно претпријатие ,,Струмица-Транспорт,, Струмица

Врз основа на член 26 и 26-а од Законот за јавните претпријатија (,,Службен Весник на Република Македонија,, бр.38/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18, 35/19 и ,,Службен Весник на Република Северна Македонија,, бр.275/19,89/22 и 274/22) како и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија (,,Службен Весник на Република Северна Македонија бр.283 од 27.12.2022 година), Советот на општина Струмица објавува:
Јавен повик
за избор на членови на Надзорен одбор на
Jавното сообраќајно претпријатие ,,Струмица-Транспорт,, Струмица
1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на членoви на Надзорниот Одбор на ЈСП ,,Струмица-Транспорт,, Струмица.
Надзорниот одбор на ЈСП ,,Струмица-Транспорт,, Струмица, брои 3 членови, кои се пријавуваат и избираат согласно постапка предвидена во Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија (,,Службен Весник на Република Северна Маледонија бр.283/22 година).
Претежната дејност на Претпријатието е под шифра:
Градски и приградски патнички копнен транспорт.
Овој Сектор опфаќа дејности поврзани со вршење на превоз на патници и стоки, во линиски или слободен превоз, со железница, цевоводи, пат, вода, или воздухоплов како и придружни дејности на терминали и паркиралишта, претовар на товар, складирање и итн.Овој сектор опфаќа и изнајмување на превозни средства и транспортна опрема со возач или ракувач. Исто така вклучува поштенски и курирски дејности.
Во функција на основната дејност јавното сообраќајно претпријатие, ќе врши и други дејности во внатрешниот промет и тоа:
49.39 Друг патнички копнен транспорт, неспомнат на друго место,
52.21 Услужни дејности поврзани со копнениот превоз.
Дејностите од став 1 на овој член се вршат врз основа на лиценца, а во согласност со законот.
Претпријатието обавува и други дејности во согласност со закон.
2. ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот Повик.
Јавниот повик со сите услови се објавува на веб страната на општина Струмица: www.strumica.gov.mk
3. УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
За член на Надзорен одбор на јавното претпријатие може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
e државјанин на Република Северна Македонија
има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII степен образование од областа на правните науки и
во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Освен условите наведени во член 26 став 2 од Законот за јавни претпријатија, членовите на Надзорниот одбор треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:
–  еден член на НО треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на на јавното претпријатие, согласно со Националната класификација на дејностите публикувана од Државниот завод за статистика,
         –  еден член на НО треба да има најмалку пет  години работно искуство од областа на финансиското работење,
еден член на НО треба да има најмалку пет  години работно искуство од областа на правните работи.
Времетраењто на мандатот на членот изнесува четири години, со право на уште еден последователен мандат.
Финансикиот надоместок на членовите на Надзорниот Одбор изнесува: 2500 денари за член и 3000 денари за претседател.
1.4.  ПРАВА И ОБВРСКИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР
Согласно член 27 од Законот за јавните претпријатија, членовите на НО можат да присуствуваат на седница на УО и им се доставува Покана со сите материјали, задолжително ги прегледуваат тримесечните извештаи кои содржат показатели за финансико работење, годишните сметки и извештајот за работа на ЈП и му дава мислење на УО.
Надзорниот одбор може да дава одобрение на актите донесени од УО, доколку тоа е утврдено со Статутот на ЈП.
НО задолжително се состанува најмалку четири пати годишно.
5.   НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Задолжителни документи кои треба да бидат доставени како доказ за исполнување на условите за член на НО на ЈСП ,,Струмица-Транспорт,, Струмица се:
1. Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,
2. Потврда дека со правосилна судска пресуда не му изречена казна или прекршочна забрана за вршење на професија, дејност или должност,
3. Историјат за вработување од Агенција за вработување на Република Северена Македонија со евидентиран стаж
4. Изјава заверена на нотар дека кандидатот под целосна материјална, морална и кривична одговорност потврдува за точноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и за поднесената документација,
5. Кратка биографија,
6. Писмо за интерес/мотивација,
7. Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон
 6. ПОСТАПКА ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ЧЛЕНОВИТЕ
Постапката за селекција на членовите на надзорниот одбор на ЈП се состои од две фази и тоа:
1. aдминистративна селекција (се состои од проверка на внесените податоци во пријавата со условите утврдени во Јавниот повик и бодување) и
2. интервју (го спроведува Комисија за селекција која на предлог на Градоначалникот, ја избира Советот на општината).
Точниот датум, време и место на оддржување на интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Општина Струмица: www.strumica.gov.mk
7. РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Јавниот повик се објавува на ден 23.11.2023 година(четвротк) и трае 11 работни дена, односно до 07.12.2023 година (четврток).
Пријавите (пријавата ја има во прилог на Јавниот повик) заедно со целокупната документација се доставуваат во хартиена форма, по пошта на адреса:
Општина Струмица, ,ул,,Сандо Масев,, бр.1, 2400 Струмица, или во архива на општина Струмица (со назнака: За Јавен повик за именување на член Надзорен Одбор на ЈСП ,,Струмица-Транспорт,, Струмица).
Краен рок за поднесување на пријавите е 07.12.2023 година (четврток) до 15 часот.
Во прилог линк од пријавата на Јавениот повик ЛИНК
Напомена: Пријавите без компелно приложена документација или кои се доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.
       Совет на општина Струмица
      Претседател,
            Марјан Даскаловски