Се одржа работна конференција на Локалниот совет за превенција

Се одржа работна конференција на Локалниот совет за превенција

Локалниот совет за превенција на општина Струмица, денеска одржа работна конференција, која според одлуката на неговите членови се одржува последната среда во месецот. На конференцијата присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов.

Предизвиците се коишто се соочуваме се дивите продавачи на текстил и земјоделски производи. Имаме подобрување на состојбата, има појава на 2-3 тезги, но не се стотина колку што беа порано. Фактот дека се зголемени резервациите за тезги во пазарот „Чешел“ ни укажува дека заклучоците што ги носиме со сите партнери и чинители на Локалниот совет за превенција, даваат резултати. Посебен акцент сега ставаме на уништувањето на урбаната опрема на територијата на општина Струмица, на нелегалната трговија со железо на улицата „Антон Панов“ и чистењето на тој појас и узурпацијата на приватните парцели од страна на некои граѓани. Благодарен сум на сите партнери во советот, затоа што само со заеднички силни напори можеме да ги спречиме девијантните појави во општина Струмица. Тоа дава резултати и од овој начин на работа не отстапуваме, рече градоначалникот Костадинов. Градоначалникот најави дека е можен и видео надзор на јавните површини секако во рамките на законските ингеренции што ги има општината, а согласно законот за заштита на личните податоци и доколку произлезе како предлог од Локалниот совет за превенција општина Струмица е подготвена со свои средства во некое идно време и во соработка со СВР Струмица.