Соопштение за организирање на јавен увид на урбанистички проект, Бр.03-1067/2

Врз основа на член 39 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на општина Струмица“ број број 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10,1/15, 8/18, 6/19 и 29/19) Градоначалникот на општина Струмица, објавува

СООПШТЕНИЕ

Се организира jавен увид на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП42-18, ГП42-19 и ГП42-20, дел од Блок 42, Општина Струмица, со површина од 20208,93м2 кој ги опфаќа КП6521/1, КП6521/9, КП3521/8, КП6521/7, КП6521/4, КП6521/5, КП6521/13 и други во КО Струмица, како што е наведено и во член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/2020).
Соопштението за организирање на јавен увид е објавено на ВЕБ страницата на Општина Струмица – е-урбанизам,
Јавниот увид ќе трае од 19.02.2021 год. до 11.03.2021 год.
Заинтересираните граѓани и правни лица, своите забелешки на посебни анкетни листови, ќе можат да ги достават во просториите на Секторот за урбанизам и комунални работи.

Урбанистички проект со план за парцелација – ЛИНК

Бр.03-1067/2
18.02.2021 год.
Струмица

Општина Струмица
Градоначалник
Коста Јаневски