Со работа почна доградбата на Клон 2 на градинката „Детска радост“

Со работа почна доградбата на Клон 2 на градинката „Детска радост“

Градоначалникот Костадин Костадинов и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, денеска, ја пуштија во употреба доградбата на Клон 2 на градинката „Детска радост“ во Струмица. Го прошируваме капацитетот за речиси 60 проценти, односно од претходниот  капацитет за 100 дечиња, од денеска имаме капацитет за 157 дечиња, што навистина е убава работа којашто ни се случува во Струмица.

Таа соработка меѓу локалната и централната власт дава резултат, еден од таквите резултати, плодови коишто ги уживаме е токму доградбата на оваа градинка. Јас сум сигурен дека и во иднина ќе породолжиме со заеднички сили и соработка на општина Струмица и министерството за труд и социјална политика да гледаме уште многу убави проекти од кои директен бенефит ќе имаат нашите најмали, нашите дечиња, оти навистина ние постоиме за нив и треба да го трасираме патот за нивна светла иднина, рече градоначалникот Костадинов. За овој објект Министерството за труд и социјална политика издвои 13 милиони денари.