Решение за свикување дваесет и деветата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Службен гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување дваесет и деветата седница  на

Советот на општина Струмица

Ја свикувам дваесет и деветата седница на Советот на општина Струмица за ден 10.07.2015 година (петок).

Давесет и деветтата  седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.

За работа на седницата предлагам:

I

Усвојување на записникот од дваесет и осмата  седница на Советот на општина Струмица.

II

Д н е в е н   р е д

  1. Предлог – Одлука за утврдување Нацрт ДУП за една парцела, на КП бр. 3786/1, дел од блок 14 (блок 30, Урбана единица 2 согласно ГУП на град Струмица), општина Струмица 2014 – 2019 година;
  2. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат зa КП бр. 7899 КО Струмица;
  3. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 93 КО Белотино;
  4. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 4774/2 КО Куклиш;
  5. Предлог – Одлука за утврдување неисполнети услови за донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7519 КО Струмица;
  6. Извештај за работата на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за периодот I – III месец 2015 година;
  7. Програма за изменување и дополнување на Програмата за работа  на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ за 2015 година;
  8. Одлука за утврдување на висината на цени на услугите  за поставување и одржување  на јавното осветлување  на подрачјето на општина Струмица на ЈП „Паркиралишта- Струмица ;
  9. Одлука за утврдување на висината на цената за услуга-паркирање  во деновите на јавната манифестација „Струмица-Опен“ на  ЈП „Паркиралишта- Струмица “;

10. Одлука за отуѓување на патничко возило на ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица; и

11. Предлог – Решение за  разрешување и именување преставници на општина Струмица во Училишниот одбор на ОУ “Маршал Тито” Муртино.

Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф  Христов