Општина Струмица започна со изготвување на Локален акционен план за вработување(ЛАПВ), процес подржан од КАРДС Проектот „Техничка помош за подршка на политики за вработување(III фаза)“. За таа цел е формирано Партнерство на ЛАПВ на Општина Струмица од претставници од јавниот, приватниот и невладиниот сектор. Општина Струмица заедно со Партнерството на ЛАПВ следните три месеци ќе работи на изготвување на план, со кој ќе се идентификуваат стратешките приоритети во областа на вработување и можностите за мобилизирање и искористување на сите ресурси за потикнување на вработеноста во Општина Струмица.