Одбележена тригодишнината од трагичната смрт на Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски. Во склоп на чествувачките свечености организирани по тој повод, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов положија свежо цвеке пред споменикот “Македонија” во Градскиот парк. Градоначалникот Заев одржа реч за живот и делото на Претседателот Трајковски, а чествувачките свечености завршија со Рецитал “Te има и кога те нема” организиран од Домот за деца и млади.