Почитувани граѓани, Ве покануваваме да присуствувате на свеченостите и манифестациите организирани по повод одбележувањето на 11 октомври – Денот на народното востание на Македонија и Ден на борецот.
ПРОГРАМА
10.10.2007 година (среда)
– 18.30 часот- Ноќни трки низ улиците на градот за учениците од основните и средните училишта во Струмичкиот регион.
Носител: Општински сојуз на училишен спорт.
– 19.30 часот- Промоција на книгата “Македонска судбина” од Јулија Попвасилева
Место: НУКЦ “Антон Панов” Струмица ( мала сала)
11.10.2007 година (четврток)
– 09.30 часот – Чествување пред Споменикот на Револуцијата во Градскиот парк:
– Реч за историографијата на Празникот;
– Полагање свежо цвеќе;
– “Од извориштето на 11. Октомври” – рецитал во изведба на рецитатори Од Рецитаторската секција при Домот за деца и млади “Благој Мучето”-Струмица; и
– Настап на хорот “ЕТНО и СТРЕМЕЖ” од Здружението на пензионери – Струмица
(Поаѓање кон Споменикот на Револуцијата во 09,15
часот од пред зградата на Локалната самоуправа)
Носител: Општина Струмица
– 10,30 часот – Прием кај Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев за претставници од Општинскиот одбор на СБМ од НОАВМ.
– Место: Кабинет на Градоначалникот.