Денеска е светски ден на книгата и на авторското право. Традиционално, локалната установа библиотека „Благој Јанков Мучето“ овој ден го одбележува со книга на подарок од богатата книжевна ризница. Секој член кој што денеска ќе ја посети библиотеката добива книга од роднокрајните автори.Светскиот ден на книгата и авторското право се одбележува со цел да се признае моќта на книгите за подобрување на нашиот живот, но и за да се поддржи книгата и оние што ја создаваат.