Претставници на кошаркарската федерација на Македонија, Фиба Европа и општина Струмица одржаа заеднички состанок на кој се разгледуваа подготовките за европското првенство во кадети.
Сите присутни на состанокот констатираа дека со оглед на тоа што Струмица веќе три години по ред успешно организира европски првенства за млади категории, наредното четврто по ред првенство ќе биде најдобро организирано до сега. Претставниците на кошаркарската федерација на Македонија и ФИБА во изминатите деновиве вршеа контрола на спортските и сместувачките капацитети во општина Струмица.
Европското првенство за кадети под 16 години (машки) ќе се одржи од 20 до 30 август оваа година со учество на 22 репрезентации.