Градоначалникот Зоран Заев и граѓаните на Општина Струмица, упатија телеграма со сочувство до семејствата на загинатите во вчерашната хеликоптерска несреќа, во Струмица.
“Дозволете да упатиме искрено сочувство и длабоко жалење за несреќата што се случи на вашето семејство.
Вие загубивте член на семејството, а Република Македонија загуби голем професионалец. Ја споделуваме со вас големата болка.
Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите во трагичната хеликоптерска несреќа“.