Грижата за децата и нивната безбедност е меѓу приоритетите на градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица. Меѓу мерките реализирани досега се најде и најновата, завршена, деновиве.
Имено, на улицата „Ванчо Китанов“, која се наоѓа позади општинското основно училиште „Сандо Масев“ се поставени два лежечки полицајци. Со тоа се зголемува безбедноста на децата, на жителите во тој дел на градот, но и на останатите учесници во сообраќајот. Улицата „Ванчо Китанов“ е една од пофрекфентните, особено во летниот период.