Екипите на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ продолжуваат со уредувањето на улиците во градот на кои имаше наноси од поројните дождови. По чистењето на наносите, почна миењето на улиците. Овој процес е целосно завршен на улицата „Атанас Караман“, а ќе бидат опфатени и дел од „Максим Горки“ и „Мануш Турновски“, но и останатите улици погодени од поројните дождови. Од ЈПКД „Комуналец“ најавуваат дека миењето во летниот период ќе продолжи секојдневно, особено на булеварите во централното градско подрачје каде фреквенцијата на патници и на возила е најголема.