Општина Струмица денеска ја одбележа 63 – годишнината од убиството на студентите, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Јар’мов, Ѓорѓи Костуранов и Стево Топчев. По панихидата на градските гробишта, одбележувањето продолжи пред спомен обележјето во малиот градски парк. За животот и делото на студентите зборуваше Никола Андонов,
претседател на здружението на политичките затвореници. Претставници на семејствата на студентите, општина Струмица, јавни институции, политички партии, здруженија и граѓани положија свежо цвеќе, а членовите на рецитаторската секција при домот за деца и млади „Благој Мучето“ изведоа поетски колаж.