Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска на сите ученици од основните и средните училишта им ја честиташе новата учебна 2014/2015 година посакувајќи им многу успех во учењето. Истовремено, на првиот училишен ден, Градоначалникот, во изјава за медиумите, ги нотираше проблемите во средното образование и во детските градинки.Најгорливиот проблем е намалувањето на бројот на децата, тоа можам да го соопштам заради тоа што паралелата во последните пет години покажува огромни проценти на намалување на уписот на деца и во основните и во средните училишта. Само ќе ја спомнам бројката во средните училишта, во 2009 година биле запишани 1.187 средношколци во првата година, сега се запишани 953, тоа е повеќе од 20 проценти. Сето тоа укажува на овој тренд на иселување, пред се на младите луѓе, надвор од државата. Би сакал, исто така,