Утре се навршуваат 70 години од ослободувањето на Струмица. Со низа свечености општината ќе го одбележи овој јубилеј. Одбележувањето ќе започне во 6 часот кога од припадници на АРМ ќе биде изведен симултан – импровизиран напад на градот.
Во 11 часот во Домот на АРМ ќе се одржи свечена академија по повод јубилејот, а во 12 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата во градскиот парк и ќе биде засадено дрвце на другарувањето во алејата на младите во истиот парк. Во рамките на одбележувањето на 70-годишнината од ослободувањето на Струмица ќе биде промовирана изградената пешачка патека во Банско. Во 20,30 часот во центарот за култура „Антон Панов“ јавноста за прв пат ќе може да ги види делата од овогодишната меѓународна струмичка ликовна колонија.