Екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ го чистат поројот „Крушевска Република“. Скоро 80 насто од неговата површина е целосно исчистена, а моменталните активности се насочени кон најнискиот дел, односно, на потегот од улицата „Младинска“ до улицата „Климент Охридски“. Освен разновидниот отпад и тревата, се чистат и наносите наталожени од дождовите, особено околу мостот на улицата „Климент Охридски“. Според најавите од „Комуналец“, комплетното чистење на овој порој треба да заврши во текот на утрешниот ден.