Првото новородено бебе во Струмица е женско и на свет дојде во првиот ден од Новата година во 12 часот напладне. Атиџе Камберова роди здраво женско дете, тешко 3 килограми, долго 50 сантиметри. Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, ги посети и им подари штедна книшка со износ од 10.000 денари и други подароци.