Во Центарот за култура „Антон Панов“ успешно изведена претставата „Чорбаџи Теодос“

Во Центарот за култура „Антон Панов“ успешно изведена претставата „Чорбаџи Теодос“

Во Центарот за култура „Антон Панов“ се одржа театарската претстава „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски, во изведба на учениците од СОУ „Јане Сандански“, под режија на професорката Гордана Донева.

Преполната сала беше исполнета со смеа, аплаузи и одлична атмосфера, а младите и талентирани актери со својата енергија, труд и посветеност оставија силен впечаток кај публиката.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, кој упати честитки до учениците, професорите и сите вклучени во реализацијата на оваа успешна претстава.

Честитки до сите учесници за прекрасната изведба и успешното претставување на младинскиот талент!