Струмица домаќин на меѓународното танцово натпреварување „Артист Хаб Денс Компетишн“

Струмица домаќин на меѓународното танцово натпреварување „Артист Хаб Денс Компетишн“

Во Струмица се одржа завршницата на меѓународното танцово натпреварување „Артист Хаб Денс Компетишн“.

Настанот беше поддржан од Општина Струмица, а на него учествуваа 1.700 танчери од Македонија, Србија, Бугарија и Црна Гора. Во текот на двата дена, колку што траеше завршницата во спортската сала „Парк“, учесниците се натпреваруваа со своите танцови кореографии и уметнички перформанси.

Со поддршката на ова натпреварување, Општина Струмица уште еднаш ја потврди својата силна заложба за развој и афирмација на талентот кај младите луѓе.