Костадинов: Последните три фестивалски вечери ќе бидат вистинска круна на овогодинешното издание на Струмица Опен фест PDF Print E-mail
Tuesday, 20 June 2017 07:55

Вршителот на должноста градоначалник Костадин Костадинов, Јосиф Христов претседател на Советот на општина Струмица, Петар Божинов и Томи Печков од здружението „Културен забавен живот“, на денешната прес конференција во домот на АРМ, ја презентираа културно – уметничката, едукативната и музичката програма, значењето и поддршката од општина Струмица  на шесттото по ред издание на Струмица опен фестивал кој годинава се одржува под мотото „Направено со љубов“ од 3 до 13 август. Презентирајќи ја музичката програма, Костадинов потенцираше дека последните три фестивалски вечери, ќе бидат вистинска круна на овогодинешното издание на Струмица Опен фест.На програмата годинава се најдоа 20 изведувачи од различни музички жанрови,  кои верувам дека ќе ги задоволат вкусовите на повеќе генерации љубители на музиката.

 
Костадинов присуствуваше на одбележувањето на 36 – годишнината од смртта на Боро Поцков PDF Print E-mail
Tuesday, 20 June 2017 07:51

Со пригодна свеченост, во малиот градски парк, беше одбележана 36-годишнината од смртта на борецот Боро Поцков – Мирко. На одбележувањето присуствуваа вршителот на должноста градоначалник Костадин Костадинов, претседателот на Советот на општина Струмица Јосиф Христов и членови на истиот, претставници на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните поддржувачи, претставници на јавни институции и почитувачи на неговото дело.

 
Решение за свикување педесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица PDF Print E-mail
Monday, 19 June 2017 07:29

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 
Во последните два месеца решени се 193 проблеми на граѓаните преку „Систем 48“ PDF Print E-mail
Friday, 16 June 2017 12:06

До општинскиот сервис „Систем 48“ во последните два месеца биле доставени вкупно 215 пријави, од кои решени и одговорени се 193 пријави. Останатите 22 пријави се проследени до надлежните служби и се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. 

 
Отворена новата фабрика на „Адиент“ во ТИРЗ – Струмица PDF Print E-mail
Thursday, 15 June 2017 13:45

Во присуство на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за танспорт и врски, Горан Сугаревски, пратеници во Собранието на Република Македонија и други гости, денес во Технолошко-индустриската развојна зона – Струмица, во близина на Свидовица, свечено беше отворена новата фабрика за производство на навлаки за автомобилски седишта на компанијата „Адиент“.

 
Интензивно се гради кружниот тек кај Жито Струмица PDF Print E-mail
Thursday, 15 June 2017 07:20

Градежните работи за изградба на кружниот тек на крстосницата на булеварите „Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“ кај Жито Струмица, а кои започнаа во неделата, се во полн ек. На ова ново сообраќајно решение во овој дел на градот се работи интензивно за побрзо надминување на проблемите со кои се соочуваат учесниците во сообраќајот.

 
«StartPrev12345678910NextEnd»

Page 3 of 15
 

E-newsletter