Доставени се околу 70 насто од решенијата за данок на имот и комунална такса PDF Print E-mail
Wednesday, 14 June 2017 14:40

Привршува доставувањето на решенијата за данок на имот и комунална такса до даночните обврзници. Според Душко Василев раководител на одделението за администрирање на приходи при општина Струмица, досега, доставени се околу 70 насто од решенијата за оваа 2017 година.

 
Општина Струмица продолжува со успешно унапредување на политиките за родовата рамноправност PDF Print E-mail
Wednesday, 14 June 2017 12:57

Струмица е меѓу првите општини во Република Македонија која што започна со унапредување на условите за родова рамноправност и ефективно го спроведува правото на еднаквост на жените и мажите во локалните политики. Како силен поддржувач на политиката на родова рамноправност, претставник од општина Струмица, денеска, учествува на конференцијата „Неплатена работа, родова нееднаквост и ветувањето на економијата на грижа и нега“ која што се одржува во Скопје, а во организација на УНДП.

 
Под покровителство на општина Струмица ќе се одржи четвртиот ЈОЈО фестивал на детски песни PDF Print E-mail
Tuesday, 13 June 2017 13:47

На 21 јуни со почеток во 20 часот во центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржи четвртиот по ред ЈОЈО фестивал на детски песни. Вкупно 14 распеани дечиња од Струмица, а годинава за првпат и од Скопје и Гевгелија преку 14 новокомпонирани песни ќе пеат за музиката, љубовта, модата, слатките, принцезите, летото, децата, за Струмица.

 
Општина Струмица и Меѓународниот сојуз за цивилно општество и социјално загрозени категории ќе им помагаат на најранливите категории граѓани PDF Print E-mail
Tuesday, 13 June 2017 07:10

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов,оствари средба со Бојан Јовановски – новоизбраниот претседател на Меѓународниот сојуз за цивилно општество  и социјално загрозени категории. Според Костадинов, целта на средбата беше покрај давањето конкретна помош и поддршка на семејството Тасеви, создавање и основи за потпишување Меморандум за генерална соработка помеѓу Сојузот и општина Струмица.

 
Во законски утврдениот рок во основните општински училишта се запишале вкупно 453 првачиња PDF Print E-mail
Friday, 09 June 2017 12:59

Во месец мај, кога е и законскиот рок за упис на деца во прво одделение за учебната 2017/2018 година, во општинските основни училишта се запишале вкупно 453 ученици. Од нив 387 се запишани  во матичните, а останатите 66 во подрачните училишта.Од податоците добиени од училиштата, по дадени изјави од роднини и комшии на децата кои се достасани за запишување, досега има податок за околу 50 деца кои не се наоѓаат на територијата на општина Струмица, односно се иселени во странство.

 
Поставена е антипаркинг опрема на сите влезови на градскиот плоштад за ограничена достава на стока PDF Print E-mail
Thursday, 08 June 2017 14:19

Екипи на Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“, денеска, поставија антипаркинг опрема на сите влезови на плоштадот „Гоце Делчев“. Целта е да се спречи зачестената злоупотреба на пристапните влезови и да се ограничи движењето на моторните возила кои во последно време предизвикаа сериозни оштетувања на гранитните плочки на плоштадот.

 
«StartPrev12345678910NextEnd»

Page 4 of 15
 

E-newsletter