Ефтимов: Ободниот канал си ја заврши функцијата и го спречи поплавувањето во долниот дел на градот PDF Печати Е-пошта
Петок, 26 Мај 2017 14:35

По вчерашното невреме кое што ја зафати општина Струмица, а по кое веднаш интервенираа екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и Територијалната професионална противпожарна единица, состојбата е нормализирана и под контрола. Стојан Ефтимов раководител на единицата „Водовод и канализација“ при ЈПКД „Комуналец“, денеска, информираше дека веднаш по силниот дожд екипите на претпријатието излегоа на терен да ја видат состојбата и да интервенираат каде што имало потреба од тоа.

 
Состојбата во подземниот паркинг е стабилизирана и истиот функционира непречено PDF Печати Е-пошта
Петок, 26 Мај 2017 14:30

По обилните дождови кои го зафатија нашиот град во текот на изминатото деноноќие, состојбата во подземниот паркинг е стабилизирана и истиот работи непречено. Обилни дождови кои достигнаа до 71 литар на метар квадратен воден талог според УХМР, предизвикаа количината на вода од централното градско подрачје да се собере на најниската точка, а тоа е подземниот паркинг. Од јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ информираа дека заради квалитетно изведената атмосферска канализација и активноста на трите водени пумпи во подземниот паркинг кои непречено работеа и ја прифатија целокупната количина на вода, ситуацијата во паркингот се врати во нормала за помалку од еден час.

 
Се одржа традиционалниот натпревар во пинг - понг за ученици од основните и средните училишта PDF Печати Е-пошта
Петок, 26 Мај 2017 11:31

По повод  Денот на македонските просветители  Светите Кирил и Методиј  и 25 Мај  - патрон на основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица, по шести пат се одржа отворен турнир во пинг – понг. На турнирот учествуваа ученици од   основните  и средни училишта  од општина Струмица, а најдобри резултати постигнаа следните ученици:Во категорија средни училишта  прво место освои ученикот Далистан Мустафов од  СОУ „Никола Карев“, второ  место освои ученикот Христијан Митев од СОУ „Димитар Влахов“ и трето место освои Филип Митев од СОУ „Никола Карев“.

 
Граѓаните кои имаат проблем од невремето да се јават во „Комуналец“ и во „Систем 48“ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 25 Мај 2017 17:05

Општина Струмица ги известува граѓаните и правните лица кои имаат проблеми од невремето што ја зафати попладнево Општината и имаат потреба од помош, да се јават на следните телефонски броеви: 034 325 909 на ЈПКД „Комуналец“ и на 076 48 48 48 на „Систем 48“.

Екипи на ЈПКД „Комуналец“ веќе се на терен и работат на отстранување на последиците од невремето.

 
„Паркиралишта Струмица“ апелира до правните лица да го почитуваат утврдениот период за достава на стока на плоштадот PDF Печати Е-пошта
Четврток, 25 Мај 2017 14:48

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги известува сите правни лица чии продажни места се наоѓаат на плоштадот „Гоце Делчев“, а во врска со член 4а од одлуката за означување на условите и утврдување на режимот на сообраќајот во градот Струмица, дека достава на стока може да се врши во временскиот период од 6 до 10 часот и од 16 до 19 часот. Секое затекнато возило на плоштадот после дадениот временски период, ќе биде третирано согласно член 7 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата (Службен весник бр. 169/15). Од Јавното претпријатие апелираат до правните лица да го почитуваат дадениот временски период за достава на стока.

 
Костадинов на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Маршал Тито“ во Струмица PDF Печати Е-пошта
Четврток, 25 Мај 2017 13:22

Со богата и свечена програма, денеска, беше одбележан патрониот празник на општинското основно училиште „Маршал Тито“ во Струмица. Програмата ја следеа голем број родители и гости, а меѓу нив беа и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, Петар Божинов член на Советот и претставници на одделението за образование на општина Струмица. Во знак на почит на неговото дело, Костадинов положи свежо цвеќе пред бистата на Јосип Броз Тито. Во рамките на празничната програма беа доделени благодарници на учениците кои освоија награди на општинските и државните натпревари во повеќе области.


 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

Страница 6 од 14
 

Прашајте го градоначалникот
Средба со градоначалникот


Струмица се сака со дела



Ободен канал проект за
долги години спокојни граѓани


  Огласна табла


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 42 урбана единица 5 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 30 урбана единица 4 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 14 урбана единица 2 во Струмица линк


сите огласи...


        Буџет 2017


Буџет на општина Струмица за 2017 година


Буџет на општина Струмица за 2016 година


Буџет на општина Струмица за 2015 година


Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница



Пријави корупција


СИСТЕМ48

Социјална карта




Е - Информатор