Струмица најтранспарентна општина во финансиските трансфери до НВО секторот PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 15 Мај 2017 12:07

Општина Струмица има најголема транспарентност во финансиските трансфери до невладините организации за 2016 година, ова го покажале резултатите  од истражувањето што го спроведе Центарот за граѓански комуникации во периодот ноември 2016 – април 2017 година.Со ова истражување, за прв пат во Македонија, на едно место се претставени сумарни и поединечни податоци за средствата доделени од општините на невладините организации, листата на добитниците на проектите, како и транспарентноста на целиот процес од објавувањето оглас до реализацијата на проектите.

 
Се одржаа фудбалски натпревари во рамките на воспоставената соработка меѓу општините Струмица и Петрич PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 15 Мај 2017 11:11

Воспоставената соработка меѓу општина Струмица и општина Петрич, Република Бугарија, изминатите денови продолжи во областа на спортот. Во населеното место Коларево (пштина Петрич) се одиграа три фудбалски пријателски натпревари помеѓу домашната екипа на фудбалскиот клуб „Беласица“ од Петрич и фудбалскиот клуб „Беласица“ од Струмица. 

 
ООУ „Видое Подгорец“ со поддршка на општина Струмица беше домаќин на регионалниот натпревар „Детски семафор“ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 15 Мај 2017 11:05

Општина Струмица преку општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и оваа година прифати да учествува во организацијата и спроведувањето на Регионалниот натпревар за учениците од основните училишта.

 
Советот на општина Струмица ја одржа 53-та седница PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 15 Мај 2017 06:55

Советот на општина Струмица ја одржа 53-та седница на која на дневен ред беа две точки и тоа Квартален извештај за извршувањето на буџетот за првиот квартал од 2017 година и предлог – одлука за прифаќање на понуда за откуп на идеален дел од АД „Македонија“ фабрика за производство на санитарна керамика во стечај Струмица.Советниците повеќе се задржаа на првата точка од дневниот ред за реализацијата на кварталниот извештај за првите три месеци од оваа година, според кој буџетот е реализиран со 18 проценти и сметаме дека тоа е успешен процент со оглед на ситуацијата во која се наоѓа и државата, а со тоа и општината, односно сите општини сме заложници на некој начин на предвремените парламентарни избори и од тие причини сите општини губат финансиски од причини што има забрана за продажба на градежното земјиште и забрана за распишување на тендери за реализација на буџетот за 2017 година.

 
Костадинов организираше прием за одбојкарските шампионите на ОК „Струмица“ PDF Печати Е-пошта
Петок, 12 Мај 2017 14:32

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, организираше прием за играчите и менаџерскиот тим на одбојкарскиот клуб „Струмица“ кој пред неколку дена ја освои шампионската титула во домашното првенство. Во опуштена и пријателска атмосфера се разговараше за освоената титула, за континуираната финансиска поддршка од општина Струмица и за понатамошните планови на  на клубот.

 
Одбележан патрониот празник на ООУ „Сандо Масев“ PDF Печати Е-пошта
Петок, 12 Мај 2017 12:08

Учениците и вработените во општинското основно училиште „Сандо Масев“ го одбележаа патрониот празник. Пред споменикот на патронот во училишниот двор, денеска, беше изведена пригодна програма на која присуствуваше и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, кој во името на општина Струмица, во знак на почит и поддршка положи свежо цвеќе.

 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

Страница 10 од 14
 

Прашајте го градоначалникот
Средба со градоначалникот


Струмица се сака со дела



Ободен канал проект за
долги години спокојни граѓани


  Огласна табла


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 42 урбана единица 5 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 30 урбана единица 4 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 14 урбана единица 2 во Струмица линк


сите огласи...


        Буџет 2017


Буџет на општина Струмица за 2017 година


Буџет на општина Струмица за 2016 година


Буџет на општина Струмица за 2015 година


Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница



Пријави корупција


СИСТЕМ48

Социјална карта




Е - Информатор