Општина Струмица со три основни училишта вклучена во проектот „Инклузија на децата што се надвор од училиштата во образовниот систем“ PDF Print E-mail
Monday, 24 April 2017 10:11

Општинските основни училишта „Маршал Тито“ од Струмица, „Никола Вапцаров“ од Струмица и „Маршал Тито“ од Муртино, се вклучени во нов проект кој се реализира во организација на Министерството за образование и наука, во соработка со Детската Фондација Песталоци и Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје.

 
Одбележан патрониот празник на СОУ „Јане Сандански“ PDF Print E-mail
Friday, 21 April 2017 14:18

Средното општинско училиште „Јане Сандански“ денеска го одбележа патрониот празник. На одбележувањето присуствуваше и свежо цвеќе пред спомен бистата на Сандански положи вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, а присуствуваа и претседателот на Советот, Јосиф Христов, претставници на Одделението за образование, претставници на Општинскиот одбор на борците, институции, родители и пријатели на училиштето.За значењето на празникот зборуваше директорот на училиштето, Вања Изова Велева, а беше изведена и пригодна програма.


 
Интензивно се гради Пречистителната станица PDF Print E-mail
Friday, 21 April 2017 14:17

Изградбата на Пречистителната станица за отпадни води на општина Струмица е во полн ек. Привршуваат градежните работи и наскоро ќе започне монтирањето на дел од  опремата. Изградбата е во согласност со националното и ЕУ законодавството и со третманот на отпадните води од градот Струмица и околните населени места Баница, Добрејци, Градско Балдовци, Сачево, Дабиле, Муртино, Просениково и индустриските зони кои гравитираат кон Струмица, и покрај заштитата на животната средина со неа се постигнува исполнување на барањата поврзани со пристапување на земјата кон ЕУ.

 
Костадинов им посака среќен пат и успех на турнирот во Равена на младите фудбалери на ФК „Беласица“ PDF Print E-mail
Friday, 21 April 2017 10:50

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска, ги испрати младите фудбалери на фудбалскиот клуб „Беласица“ на големиот меѓународен турнир „Равена куп 2017“ во Италија.

 
Решение за издавање на Б интегрирана еколошка дозвола за заштита на животната средина на AД ,, КЛАНИЦА СО ЛАДИЛНИК” СТРУМИЦА Инсталација за колење и обработка на месо од крупна и ситна стока PDF Print E-mail
Friday, 21 April 2017 07:23

Врз основа на член 113 и  член 122 став 4 од Законот за заштита на животната средина (Сл.в на РМ бр:53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 123/12, 93/13, 187/13 , 42/14, и 44/15, 129/15, 192/15 и 39/16 ) , Градоначалникот на општина Струмица , издаде Решение за  Б- Интегрирана еколошка дозвола

 
Решение за издавање на Б интегрирана еколошка дозвола за заштита на животната средина на ДПТУ ,,ОГРАЖДЕН –МИКРОМИКС” СТРУМИЦА Инсталација за Микронизирање на калциум карбонат PDF Print E-mail
Friday, 21 April 2017 07:20

Врз основа на член 113 и  член 122 став 4 од Законот за заштита на животната средина (Сл.в на РМ бр:53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 123/12, 93/13, 187/13 , 42/14, и 44/15, 129/15, 192/15 и 39/16   ) , Градоначалникот на општина Струмица , издаде Решение за Б- Интегрирана еколошка дозвола

 
«StartPrev12345678910NextEnd»

Page 2 of 15
 

E-newsletter