Се одржа сообраќајно – воспитната манифестација „Детски семафор“ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 08 Мај 2017 10:23

Општина Струмица преку Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, традиционално учествува во организацијата и спроведувањето на сообраќајно – воспитната манифестација „Детски семафор“. Викендот, во основното општинско училиште „Видое Подгорец“ се одржа годинашното издание на натпреварот на кој учествуваа 60 ученици од неколку основни општински училишта. Во поздравниот говор до нив, претседателот на Општинскиот одбор, Зоран Узунов, рече дека безбедноста на децата и младите во сообраќајот претставува приоритет на сите општествени субјекти, а сообраќајните натпревари на учениците од основните училишта имаат за цел пошироко да ги ангажираатучениците за стекнување и проширување на знаењата од областа на сообраќајно – техничката култура, како завршен дел од работата на сообраќајно – техничкото образование и воспитание на учениците изведена низ редовните наставни содржини и воннаставни активности.

 
Здружението „НОВУС“ започна со проектот „Младите и младинските организации силен партнер на општина Струмица“ PDF Печати Е-пошта
Петок, 05 Мај 2017 13:15

Здружението „НОВУС“ започна со реализација на проектот „Младите и младинските организации – силен партнер на општина Струмица“ којшто е целосно поддржан од општина Струмица во рамките на G1 програмата за 2017 година.

 
„Комуналец“ го чисти поројот „Васил Главинов“ PDF Печати Е-пошта
Петок, 05 Мај 2017 13:05

По комплетното чистење на поројот „Крушевска Република“, вработените во единицата „Чистота“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ започнаа со чистење на поројот „Васил Главинов“. Рачно и со механизација се врши генерално чистење на поројот од треви и разновиден отпад фрлен во него.

 
Комисија за спроведување на постапката и програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто – такси возач PDF Печати Е-пошта
Петок, 05 Мај 2017 08:13

Комисија за спроведување на постапката и програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто – такси возач при општина Струмица го објавува следниот распоред за полагање на испит и тоа:

 
Општина Струмица ја одбележа 114-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев PDF Печати Е-пошта
Четврток, 04 Мај 2017 14:37

Општина Струмица денеска ја одбележа 114 – годишнината од загинувањето на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев. Пригодната свеченост се одржа пред споменикот на Делчев на истоимениот плоштад, на која за неговиот живот и дело зборуваше вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов. Еден век, една деценија и четири години одозгора.

 
Струмица опен фестивал годинава ќе се одржи од 3 до 13 август со наслов „Направено со љубов“ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 04 Мај 2017 12:41

Шестото издание на најголема летна културно-уметничка, едукативна и забавна манифестација во Македонија, Струмица опен фестивал, ќе се одржи од 3 до 13 август. Од здружението „Културен забавен живот – Струмица“ информираа дека во текот на единаесетте фестивалски денови нашиот град ќе заживее со посебен дух кој го носат младите – организатори на сите настани. 

 
«ПочетокПред11121314СледноКрај»

Страница 13 од 14
 

Прашајте го градоначалникот
Средба со градоначалникот


Струмица се сака со дела



Ободен канал проект за
долги години спокојни граѓани


  Огласна табла


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 42 урбана единица 5 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 30 урбана единица 4 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 14 урбана единица 2 во Струмица линк


сите огласи...


        Буџет 2017


Буџет на општина Струмица за 2017 година


Буџет на општина Струмица за 2016 година


Буџет на општина Струмица за 2015 година


Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница



Пријави корупција


СИСТЕМ48

Социјална карта




Е - Информатор